Меси втор фудбалер во историјата што играл во три мундијалски финалиња


Фудбалерот и капитен на Аргентина, Лионел Меси, стана вториот играч во историјата што играл во три финалиња на Светските првенства.

Меси вечерва го започна финалето на Светското првенство 2026 година против Шпанија. Претходно, Меси играше во финалето на Светското првенство во 2014 година (против Германија, 0:1) и Светското првенство во 2022 година (против Франција, 3:3, пенали, 4:2).

Првиот играч што играше во три финалиња на Светските првенства беше бразилскиот дефанзивец Кафу. Тој играше во финалето на Светското првенство во 1994 година (против Италија, 0:0, пенали, 3:2), Светското првенство во 1998 година (против Франција, 0:3) и Светското првенство во 2002 година (против Германија, 2:0).

Освен Меси и Кафу, уште четири фудбалери три пати стигнале до финалето на Светското првенство: Бразилците Пеле (1958, 1962, 1970) и Роналдо (1994, 1998, 2002), и Германците Пјер Литбарски и Лотар Матеус (1982, 1986, 1990), но овие фудбалери не учествувале во сите натпревари за трофејот.

Back to top button
Close