Пленковиќ: За 12 години членство во ЕУ Хрватска е во плус 12 милијарди евра

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ денеска изјави дека за десет години членство во Европската Унија, Хрватска е во плус 12 милијарди евра кога се гледа што е платено за членство, а што е повлечено.

– Досега уплативме 5,2 милијарди евра во европскиот буџет, а повлековме 17,1 милијарди европски фондови, рече Пленковиќ на конференцијата во Загреб посветена на иднината на кохезионата политика по 2027 година, пренесе агенцијата Хина.

Тој додаде дека Хрватска во моментов е на 14 место по искористеност на средствата.

Хрватскиот премиерот нагласи дека не е во ред да се потенцира само земањето пари како предност на членството, бидејќи тоа не е само „земање пари од богатите“, посочувајќи дека „ЕУ пред се е заедница на права, вредности и најразвиената заедница во светот“.

Back to top button
Close