Почетино го откачил Монако поради ветување кон европски гигант
– Поранешниот тренер на Тотенхем, Маурисио Почетино, ја одби понудата за преземање на француски Монако, откако ветил дека ќе го предводи италијанскиот хегемон Јувентус во следната кампања.
„Кнезовите“ го претставија Хрватот Нико Ковач за нивни нов тренер вчера, но италијанските медиуми брзо излегоа со информации дека поранешниот тренер на Баерн Минхен не бил првиот избор на тимот, откако тоа бил Почетино.
Според „Ла Стампа“, аргентинскиот стручњак му ветил на Јувентус дека следната сезона ќе го замени досегашниот тренер Маурицио Сари.
Сари е на пат да ја освои титулата во Серија „А“, но настапите на „бјанконерите“ не се убедливи, бидејќи клубот има и дефицит од 1-0 по првиот натпревар од осминафиналето од Лигата на шампионите против Лион. Неубедливите настапи на „Старата дама“ го натераа раководството да бара алтернативи за италијанскиот стратег.
Самиот Почетино веќе призна дека ќе биде вистински сон за него да го преземе Јувентус во одреден момент од неговата кариера.