Почина 34 годишен штипјанец од коронавирус

Триесет и четиригодишен штипјанец кој бил хоспитализиран неколку дена во Скопје, починал од коронавирусот. Тој бил на респиратор некое време.

Како што претходно објавивме, за овој пациент на социјалните мрежи беа упатени бројни апели за дарување крвна плазма, таа беше пронајдена, но не успеа да го спаси младиот живот.

Директорот на ГОБ 8 Септември доктор Кристијан Костов за Слободен печат вели дека синоќа во ковид центарот биле донесени 18 пациенти со тешки пневмонии.

Во моментот во ковид центарот има 130 пациенти позитивни на коронавирусот, главно со тешка клиничка слика. Од нив 12 се на механичка вентилација. Ноќеска во 8 Септември починале двајца пациенти. Околу 100 се на кислородна поддршка.

Извор: Слободен печат

 

Back to top button
Close