Почина четирикратната европска фудбалска шампионка Фитшен
Поранешната германска фудбалска репрезентативка Дорис Фитшен почина на 57-годишна возраст.
Според генералниот секретар на Германскиот фудбалски сојуз (ДФБ) Хајке Улрих, поранешната фудбалерка почина по долго и тешко боледување.
– Таа секогаш гледаше на работите и на животот повеќе позитивно отколку негативно и стана пример за многумина со тој став, не само на теренот. Беше чест да се работи со Дорис за развој на фудбалот во Германија. Ова е голема тага за нас, рече Улрих.
На клупско ниво, Фитшен играше за Волфсбург, Зиген, Франкфурт и Филаделфија. Таа одигра 144 натпревари за германската репрезентација и стана четирикратна европска шампионка со националниот тим, како и бронзена медалистка на Олимпијадата во Сиднеј во 2000 година.