Почина дваесет и шестгодишен кавадарчанец на Клиниката за инфективни болести

Почина дваесет и шестгодишен кавадарчанец на Клиниката за инфективни болести.
– Дваесет и шестгодишниот пациент од Кавадарци бил хоспитализиран на Клиниката на инфективни болести и фебрилни состојби од 25 октомври. Тој имал апластична анемија и бил со тешка клиничка слика на неинвазивна вентилација со прогресивно влошување на здравствената состојба, стои во писмениот одговор до МИА од Одделение за односи со јавноста при Министерство за здравство.
Според неофицијални извори блиски до момчето, дознаваме дека тој бил позитивен на коронавирус. Од нив исто така дознавме дека на клиника се лекувал и неговиот брат. Таткото на двајцата браќа се лекувал во домашни услови.






