Почина мајката на Меланија Трамп


На 78 години почина Амалија Кнавс, мајката на Меланија Трамп. Веста ја објави поранешната прва дама на САД, на социјалните мрежи.

„Со длабока тага ја објавувам смртта на мојата сакана мајка Амалија“, напиша Меланија на X.

„Амалија Кнавс беше силна жена која секогаш се носеше со грациозност, топлина и достоинство. Таа беше целосно посветена на нејзиниот сопруг, ќерки, внук и зет. Ќе ни недостига неизмерно и ќе продолжиме да ги почитуваме и сакаме нејзиното наследство“, продолжува во соопштението.

за Божиќните празници, на семејната фотографија на семејството Трамп беше забележано отсуството на Меланија, тогаш Доналд Трамп рекол дека таа е покрај нејзината мајка, која е многу болна и е во болница.

Родителите на Меланија по потекло се од Словенија, каде Меланија е родена во април 1970 година. Амалија е поранешна текстилна работничка, а Виктор поранешен дилер на автомобили. Тие во 2018 година добија американско државјанство.

Back to top button
Close