Почина Рајли Гејл – пејачот на метал бендот „Пауер трип“

Пејачот на „траш-метал“ бендот „Пауер трип“, Рајли Гејл почина на 34-годишна возраст. Тоа го потврди и неговото семејство и групата.

Рајли Гејл починал во неделата, на 24 август. Причината за смртта сѐ уште не се соопштува.

„Рајли беше пријател, брат, син. Рајли беше и поголем од животот – рок-sвезда и смирен и великодушен пријател. Тој допре до толку многу животи преку неговите текстови и преку неговото огромно срце. Тој се однесуваше кон сите што ги среќаваше како пријател и секогаш се грижеше за своите пријатели“, се вели во соопштението на „Пауер трип“.

Групата е основана 2008 година, во Далас, Тексас, САД.

Back to top button
Close