Починал 60-годишник по сообраќајка во скопското село Ќојлија

Сообраќајна несреќа се случила на регионален пат во атар на скопското село Ќојлија, помеѓу патничко моторно возило „сеат ибица“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.Х., на возраст од 19 години, од село Ќојлија и патничко моторно возило „даеву матиз“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Х.Р., на возраст од 60 години, од село Долно Коњари. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот Х.Р., кој бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде починал. Смрт била констатирана од страна на лекар, информираат денеска од Министерството за внатрешни работи.

Случајот бил пријавен вчера во 18 часот.

– Со тешки телесни повреди се здобиле возачот Б.Х. и сопатник од возилото „даеву матиз“, Љ.Г., на возраст од 63 години, од Скопје, констатирани во Градската општа болница „Свети Наум Охридски“. Со телесни повреди се здобиле уште двајца сопатници од возилото „сеат ибица“, А.Д. и И.Д., двајцата од Скопје, на возраст од 22 и 24 години, констатирани во Комлексот клиники „Мајка Тереза“, појаснуваат од МВР.

Извршен бил увид од јавен обвинител и увидна екипа од СВР Скопје.

Back to top button
Close