Почит и сеќавање на Владо Јаневски – вечерва ќе се пеат неговите стихови пред арената „Борис Трајковски“
Вечерва во 20 часот, пред арената „Борис Трајковски” во Скопје фановите со песни и со свеќи ќе и оддадат почит на македонската музичка легенда, пејачот и текстописец Владо Јаневски, кој почина на 66 – годишна возраст.

Настанот е во организација на продукцијата „Прагма“, која ги повика сите што ја сакаат музиката на Јаневски да бидат дел од вечерта исполнета со спомени и емоции.
„Да го испратиме со песна, тишина и љубов. Неговите мелодии ќе останат да живеат, бидејќи големите уметници никогаш не исчезнуваат“, порачаа организаторите.
Познатиот музичар остави богата музичка кариера со безброј хитови кои ја одбележаа македонската поп-музика во изминатите неколку децении.
Тој важеше за еден од најдобрите кантавтори и вокалисти на овие простори, чии рефрени се пеат од многу генерации.






