Почнува судењето против партнерот кој ја уби 29-годишната штипјанка Емилија Пешева

Во Основниот суд во Штип денеска започнува судењето против Ф. З. кој на 1 ноември минатата година изврши убиство нa 29-годишната Емилија Пешева.

Според истрагата на Основното јавно обвинителство, за убиството на штипјанката Пешева се обезбедени докази според кои обвинетиот при вршење семејно насилство, со умисла ја лишил од живот својата вонбрачна партнерка.

Откако се договориле и се сретнале пред нејзиниот дом, заедно отишле во напуштен објект на Јавното претпријатие „Исар“ за да разговараат за проблемите во нивната повеќегодишна врска.

повеќе

Back to top button
Close