Под покровителство на Радев, концерт со македонски и бугарски уметници по повод роденденот на Гоце Делчев

По повод 153-годишнината од раѓањето на македонскиот револуционер Гоце Делчев, на 4 февруари, во училиштето каде што учел Делчев во Бугарија, денес Воена академија „Г.С.Раковски“ во Софија, ќе се одржи свечен концерт со класична музика и поезија.

Настанот го организира Меѓународната фондација за соработка и културен натпревар „Гоце Делчев“ од Бугарија, под покровителство на бугарскиот претседател Румен Радев.

На концертот, како што информираат од фондацијата „Гоце Делчев“, ќе учествуваат Илина Митревска – сопран од Македонија, Нели Динева – сопран од Бугарија, Валентина Божиновска – поезија од Македонија, Елисавета Шапкарева – поезија од Бугарија, Љупка Биаџони-Гутенберг – диригентка од Германија и Софискиот симфониски оркестар.

На концертот се поканети членови на националните собранија на Бугарија и Македонија, како и бугарската и македонската влада.

 

Back to top button
Close