Подигнато обвинение за трагедијата во Нови Сад: Обвинет е бившиот министер Горан Весиќ и плус 12 лица

На 30 декември 2024 година, Вишото јавно обвинителство во Нови Сад поднесе обвинение против 13 осомничени, во врска со трагичниот настан кој се случи на 1 ноември 2024 година, кога се сруши надстрешница на железничката станица во Нови Сад. Во овој трагичен инцидент, животот го загубија 15 лица, а двајца други беа тешко повредени.

Меѓу обвинетите се наоѓаат:

Ј.Т., поранешен в.д. генералниот директор на „Инфраструктура железници Србија“,

Г.В., поранешен министер за градежништво, сообраќај и инфраструктура,

А.Д., поранешен в.д. помошник министер,

Н.Ш., поранешен генерален директор на „Инфраструктура железници Србија“, и други осомничени, вклучувајќи одговорни проектанти, надзорници и изведувачи на градежните работи.

Обвинението се заснова на сериозни наводи за извршување на кривично дело „Тешко дело против општа сигурност“ и „Предизвикување општа опасност“, како и за неправилно изведување на градежни работи, кое довело до трагичниот инцидент. Вишото јавно обвинителство ја заврши истражната фаза и го достави обвинението со сите докази до судот.

Обвинителството предложи продолжување на притворот за сите осомничени кои се во притвор и за оние кои не се, како и мерки за безбедност, како што е забрана за вршење на одредени функции во иднина. Се очекува дека судот ќе го потврди обвинението, што ќе овозможи брзо продолжување на судскиот процес и утврдување на кривичната одговорност за трагедијата која потресе цела Србија и регионот

Back to top button
Close