Полицијата во Париз употреби солзавец против демонстрантите

Полицијата во Париз употреби солзавец против демонстрантите кои денеска протестираа против пензиските реформи.

Солзавецот бил употребен кога некои демонстранти, облечени во качулки и маски кои ги покриваат нивните лица, фрлаа разни предмети кон полицајците.

„Фигаро” пренесува дека демонстрантите фрлале камења кон полицијата.

Француските синдикати денеска започнаа голем штрајк против плановите на претседателот Емануел Макрон да ја зголеми старосната граница за пензионирање.

Десетици илјади луѓе се на улиците, во градовите низ Франција, пренесува „Фигаро”.

Со предлогот се предвидува старосната граница за пензионирање да се помести од 62 на 64 години. Според предлогот што претходно овој месец го претстави премиерката Елизабет Борн, од 2027 година луѓето ќе треба да имаат 43 години стаж за да добијат целосна пензија, наместо досегашните 42 години.

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close