Полицијата во Сан Франциско застрела човек, кој бил на колена и со подигнати раце

 Полицијата во Сан Франциско убие маж, осомничен за грабеж на аптека, претпоставувајќи дека имал пиштол, што подоцна се утврди дека не е точно.

Во соопштението од полицијата се наведува дека полицајците претпоставиле дека осомничениот на појас носи пиштол, а тој носел чекан.

Полицајците тврдат дека осомничениот Шон Мотероса (22) почнал да трча кон автомобилот, а потоа одеднаш застанал, паднал на колена и ги подигнал рацете, при што претпоставиле дека на појас носи пиштол. Еден од полицајците истрелал пет куршуми во осомничениот.

Локалниот шеф на полицијата изјави дека полицајците реагирале на повик за грабеж.

Адвокатот на семејството Монтероса, Џон Бурис изјави дека е вџашен што полицијата пукала врз лице кое било на колена, со подигнати раце.

Back to top button
Close