Полициска акција во зградата на МВР

Од претпладнево во тек е полициска акција во зградата на Министерството за внатрешни работи (МВР).

Во изјава за „360 степени“, од МВР информираат дека се преземаат мерки и активности поврзани со работењето на Одделот за општи и заеднички работи во Министерството.

„Од страна на полициски службеници од Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, Одделот за крим-полиција и Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди по насоки на надлежен јавен обвинител во тек се мерки и активности поврзани со работењето на Одделот за општи и заеднички работи во МВР“ велат од Министерството за внатрешни работи.

Според неофицијални информации објавени од дел од медиумите, полициската акција се однесува на истрага поврзана со сомнежи за злоупотреба на тендери за сервисирање на службените возила

Back to top button
Close