Половина од албанското население годинава во ризик од сиромаштија

Околу половина од албанското население во оваа календарска година е во ризик да биде сиромашно, јави дописничката на МИА од Тирана.

-Според најновите податоци на Институтот за статистика, ИНСТАТ, овој индикатор е двојно поголем од просекот на ЕУ, при што 43,4 отсто од албанското население е изложено на ризик да биде сиромашно во 2022 година, јави Ора њуз.

Од друга страна, пак, предвидувањето на Евростат изнесува 46 отсто.

– Според Евростат, ризикот да се биде сиромашен или социјалната исклученост се однесува на поединци кои се изложени на ризик да бидат сиромашни или на големо лишени од матрејални приходи или кои живеат во домаќинства со многу низок интензитет на вработеност, наведува телевизијата.

Додава дека нивото на ризик да се биде сиромашен се состои од материјална лишеност и слаб пристап до вработување, каде што во Албанија стапката на материјална лишеност е 34,7 отсто.

Што се однесува до регионот, по Албанија, Црна Гора има највисоко ниво на луѓе во ризик од сиромаштија и социјална исклученост, а потоа следат Романија, Северна Македонија, Бугарија и Србија.

 

 

Back to top button
Close