Поминаа 17 години од потонувањето на бродот „Илинден“ во Охридското Езеро

Несреќата, во која загинаа 15 туристи, се случи на петти септември 2009 година, околу 10:30 часот, кога бродот „Илинден“ со 57 патници, што пловеше на релација Охрид – манастир „Свети Наум“, се преврте и потона на околу 250 метри од брегот

Денеска навршуваат 17 години од трагедијата на Охридското Езеро во која при потонувањето на бродот „Илинден“ животот го загубија 15 бугарски туристи.

Несреќата се случи на петти септември 2009 година, околу 10:30 часот, кога бродот „Илинден“ со 57 патници, што пловеше на релација Охрид – манастир „Свети Наум“, се преврте и потона на околу 250 метри од брегот, кај автокампот „Елешец“.

Жртвите беа жители на општините Антон, Пирдоп, Златица, Мирково и Рибарица во Бугарија.

Бродот беше извлечен од езерото на 19 септември 2009 година и одвлечен до каналот Студенчишта, каде што се наоѓа и денес, како нем сведок на трагедијата

Back to top button
Close