Поништена јавната набавка за електрични автобуси од Унгарската „Икарус“
Министерство за транспорт информира дека Државна комисија по жалби за јавни набавки по службена должност донела решение за поништување на јавната набавка за електрични автобуси и електрични полначи.

Од Министерството посочуваат дека согласно своите надлежности, предметната јавна набавка повторно ќе биде објавена согласно законските прописи и во најбрз можен рок.
Јавниот повик за набавка на 150 електрични автобуси и 75 полначи беше објавен на 27 февруари годинава.
Согласно критериумите што беа наведени во јавниот повик, понудувачот ќе требаше да произведе и да испорача 30 автобуси во рок од шест месеци, 60 автобуси во рок од 12 месеци и уште 60 автобуси во рок од 18 месеци. Рокот за доставување на потребната документација беше до 30 март.
Подоцна од Транспорт рекоа дека „Електробус – Икарус” и ЕВН, кои беа избрани, ги исполниле сите услови предвидени во јавната набавка и понудиле најниска цена од 19 350 000 денари или околу 314 000 евра по автобус, што, како што додадоа оттаму, е исклучително конкурентна цена на пазарот на електрични автобуси.
Компанијата „Икарус“ требаше да ги достави електричните автобуси, а компанија ЕВН станиците за полнење






