Поплавен е Драмски театар, уништен е дел од ентериерот

Поплавени ѕидови и подови, кофи поставени да ја собираат водата. Ова е сликата што вечерва може да се види во Драмскиот театар во Скопје откако тој беше поплавен по силното невреме што зафати делови од Скопје. На својот Фејсбук профил со објава се јави и министерот за култура и туризам кој бил на увид на состојбата.

„Денес бев во Драмски театар на увид на штетите предизвикани од поплавите од дождот. Ако во 2017 година Владата на СДСМ го реализираше проектот за изградба на нов современ објект на Драмски, како што претходно се планираше, денеска немаше да бидеме сведоци на овој потоп“ – напиша Зоран Љутков.

Според него, седумгодишната негрижа за Драмскиот театар не само што станала видлива, туку, како што вели, денеска дождот го онеспособи да биде храм на уметноста.

На сцената, пишува Љутков, главната улога од денеска наместо актерите – ја имаат кофите.

Back to top button
Close