Поранешен вработен во МО ќе одговара кривично: На ФБ објавил слика на која се гледа објект на армијата

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Ш.M.(26) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено влегување во воени објекти и правење скици или цртежи на воени објекти и борбени средства”.

Пријавениот, поранешен вработен во Министерството за одбрана, на негов профил на социјална мрежа објавувал слики и видеа во кои бил облечен во униформата на армијата и со автоматско оружје во рацете, а една од фотографиите била направена во објект на армијата на чија позадина се наоѓаат воени камиони, како и фотографија направена во воен камион, каде се наоѓаат и други вработени.

Back to top button
Close