Поранешниот министер за економија Крешник Бектеши доби нови 30 дена притвор


Судот му одреди нов 30-дневен притвор на поранешниот министер за економија Крешник Бектеши кој е опфатен со истрагата за трагедијата во Кочани, поради исти околности како и претходно – постоење на основано сомнение за злоупотреба на службена положба и овластување.

Одлуката следи по укажувањата на државниот обвинител Љупчо Коцевски, кој истакна дека министри за економија, меѓу кои и Бектеши, издавале лиценци за работа на скопската дискотека „Пулс“ врз основа на непотполна и некомплетна документација.

Пред 30 дена Бектеши беше повикан на информативен разговор во полициска станица во Карпош, а потоа пренесен и во ОЈО Кочани, по што судија на претходна постапка одреди мерка притвор.

Обвинителството продолжува со собирање докази.

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close