Поранешниот министер за одбрана Шигеру Ишиба ќе биде нов јапонски премиер


Поранешниот министер за одбрана Шигеру Ишиба ќе стане нов премиер на Јапонија, откако во вториот круг победи на претседателските избори во владејачката Либерално-демократска партија (ЛДП), победувајќи го министерот за економска безбедност Санае Такаичи.

Јапонската агенција Кјодо соопшти дека Ишиба во вториот круг гласање освои 215 гласови додека Такаичи заврши со 194 гласа.

Се очекува Ишиба во понеделник да го избере новото раководство на ЛДП и да го формира својот кабинет откако ќе биде избран за премиер на вонредна седница на Собранието.

Други кандидати во внатрепартиските избори беа поранешниот министер за животна средина Шинџиро Коизуми, главниот секретар на кабинетот Јошимаса Хајаши, поранешниот министер за економска безбедност Такајуки Кобајаши, главниот секретар на кабинетот Јошимаса Хајаши, министерот за надворешни работи Јоко Камикава, министерот за дигитална технологија Таро Коно и поранешниот министер за здравство Кацунобу Като.

Back to top button
Close