Портпаролката на ЕК во врска со текстот на Ројтерс: Иднината на целиот Западен Балкан е во ЕУ
Ана Писонеро за Гласот на Америка на српски јазик писмено одговори на наводите во текстот на Ројтерс за нацрт-декларацијата на Самитот ЕУ-Балкан во Брдо кај Крањ на 6 октомври
„Ројтерс“, повикувајќи се на четворица дипломати, објави текст во кој пишува дека, плашејќи се од политички реакции во земји членки, Европската Унија веќе не може да се усогласи за да им гарантира идно членство на шесте балкански земји. Притоа, „Ројтерс“ имал увид во нацрт-декларацијата
Иднината на целиот Западен Балкан е во Европската Унија, изјави портпаролот на Европската комисија, Ана Писонеро Ернандез, во писмен одговор на Гласот на Америка на српски јазик, во врска со текстот на Ројтерс, во кој пишува дека во декларацијата за Самитот ЕУ-Балкан, закажан на 6 октомври во Словенија, ЕУ планирала да го повтори ветувањето дадено пред 18 години (н.з. на Самитот во Солун) за недвосмислена поддршка за европската перспектива на Западен Балкан.
Повикувајќи се на четворица дипломати, објави дека, плашејќи се од политички реакции во земји членки, Европската Унија веќе не може да се усогласи за да гарантира идно членство на шесте балкански земји.
Притоа, Ројтерс имал увид во нацрт-декларацијата.
„Европската комисија е цврсто посветена на унапредување на пристапниот процес на земјите од Западен Балкан, вклучително и на Албанија и Северна Македонија“,
рече Писонеро и додаде дека двете земји ги исполниле своите обврски, поради што ЕУ целосно го поддржува формалниот почеток на пристапните преговори до крајот на годината и претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен, за време на посетата на регионот.