Посебен сообраќаен режим денеска во Скопје

Денеска во центарот на Скопје ќе биде воведен посебен сообраќаен режим поради најавен граѓански протест.

Денеска (28.04.2026) со почеток во 12:00 часот пред Собранието на Република Северна Македонија на улица „11-ти Октомври“, група граѓани ќе организира протест како израз на незадоволство поради постапувањето на Управата за јавни приходи (УЈП) во врска со барање данок за приходи остварени во странство. Доколку има потреба, сообраќајот ќе биде пренасочуван по околните сообраќајници.

Од тие причини, СВР Скопје – Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот.

Од МВР апелираат до граѓаните учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите што ќе ги даваат униформираните полициски службеници.

Back to top button
Close