Посебен сообраќаен режим во Скопје поради посетата на косовскиот премиер Албин Курти

Во главниот град денеска во сила ќе биде посебен сообраќаен режим поради доаѓањето на премиерот на Косово, Албин Курти, кој ќе биде во официјална посета на земјава, соопштија од Министерството за внатрешни работи.

„Од тие причини Единицата за безбедност на патниот сообраќај при Секторот за внатрешни работи Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот на подрачјето на Град Скопје“ велат од МВР и апелираат граѓаните да ги почитуваат наредбите на полициските службеници.

Според најавите, тој ќе присуствува на централниот настан по повод роденденот на Мајка Тереза, што ќе се одржи во Музејот на современата уметност под покровителство на првиот вицепремиер Беким Сали.

Back to top button
Close