Последната порака на Сучир Балаџи, свиркачот на OpenAI кој беше пронајден мртов
Сучир Балаџи, свиркачот на OpenAI, беше пронајден мртов на 26 ноември, во неговиот стан во Сан Франциско. Тој неуморно упатуваше критики кон OpenAI и развојот на AI технологијата на социјалните мрежи.
Во неговата последна објава на социјалната мрежа „X“, Балаџи препорача повеќе да се истражува за авторските права.
Во прилог следи целиот текст:
„Неодамна учествував во видео на NYT за правична употреба и генеративна ВИ, и зошто сум скептичен дека “правичната употребата” би била веродостојна одбрана за многу генеративни ВИ производи. Исто така, напишав блог пост (https://suchir.net/fair_use.html) за ситните детали за правичната употреба и зошто верувам во ова.
За да дадам контекст: Бев во OpenAI речиси 4 години и работев на ChatGPT последните 1.5 од нив. Првично не знаев многу за авторските права, правичната употребата, итн., но станав љубопитен откако ги видов сите тужби поднесени против GenAI компаниите. Кога се обидов да го разберам проблемот подобро, дојдов до заклучок дека правичната употребата изгледа како прилично неверојатна одбрана за многу генеративни ВИ производи, од основната причина што тие можат да создадат замени кои се натпреваруваат со податоците на кои се обучени. Ги напишав подеталните причини зошто верувам во ова во мојот пост.
Очигледно јас не сум адвокат, но сепак чувствувам дека е важно дури и за оние кои не се адвокати да го разберат законот – и буквата од него, и зошто е всушност таму.
Не сакам ова да се чита како критика на ChatGPT или OpenAI per se, бидејќи правичната употреба и генеративна ВИ е многу пошироко прашање од било кој производ или компанија. Јас силно ги охрабрувам истражувачите на ML да научат повеќе за авторските права – тоа е навистина важна тема, и преседан кој често се цитира како Google Books всушност не е толку поддржувачки како што може да изгледа.
Слободно контактирајте ако сакате да разговарате за фер употреба, ML или авторски права – мислам дека тоа е многу интересен пресек. Мојата е-пошта е на мојата лична веб-страница.“
I recently participated in a NYT story about fair use and generative AI, and why I’m skeptical “fair use” would be a plausible defense for a lot of generative AI products. I also wrote a blog post (https://t.co/xhiVyCk2Vk) about the nitty-gritty details of fair use and why I…
— Suchir Balaji (@suchirbalaji) October 23, 2024