Повеќе од 30 китови се насукаа на брегот во Нов Зеланд, повеќето беа спасени

Група од повеќе од 30 пилоти китови се спасени откако се насукаа на плажата Руакака, во близина на Вангареи, во северен Нов Зеланд, јавува Би-би-си.

Одделот за заштита на природата (DOC) соопшти дека повеќето од китовите биле вратени во морето и испливале, но три возрасни китови и еден млад кит умреле. Во текот на ноќта не е забележано повторно насукување.

Акцијата за спасување ја водеше локалната маорска група Патухаракеке, на која им се придружија властите и другите граѓани.

Насуканите китови се природен феномен кој сè уште е необјаснет, а Нов Зеланд има една од највисоките стапки на вакви настани во светот.

Членовите на групата Патухаракеке останаа на плажата во текот на ноќта за да се погрижат спасените китови повторно да не се насукаат

Back to top button
Close