Повеќе од 31.000 луѓе преминале во Сирија во изминатите два дена
Либанските власти соопштија денеска дека повеќе од 31.000 луѓе пребегале во Сирија во текот на изминатите два дена, додека израелските ВВС гранатираат делови од таа држава.
Во текот на изминатите два дена, либанските власти „евидентираа преминување на 15.600 сириски државјани и 16.130 либански државјани на сириска територија“, се вели во соопштението на единицата за управување со кризи во таа држава.
Во изминатите 72 часа регистрирани се над 250.000 внатрешно раселени лица,а околу 73.000 се во колективни засолништа.