Повеќе од шест милиони луѓе се заразени со коронавирусот во светот

– Бројот на заразени со коронавирусот во светот надмина шест милиони, покажуваат податоците од Интернет страницата Ворлдометерс.

Како што се наведува на сајтот, со коронавирусот се заразени 6,035,071 луѓе, 366,913 починале, а 2,661,658 се излекувани.

Најтешка е ситуацијата во САД, каде со коронавирусот се заразени повеќе од 1,7 милиони луѓе, додека 104,542 починале.

На второ место по број на заразени е Бразил, а потоа следуваат Русија, Шпанија, Велика Британија и Италија.

После САД, најголем број смртни случаи регистрирани се во Велика Британија, а на трето место е Италија.

Back to top button
Close