Пожар ноќеска избувнал во станбена куќа на улицата „Андон Дуков“ во охридската населба „Кошишта“, јави МИА. Дојавата за пожарот, според информациите, Територијалната противпожарна едница Охрид ја добила ноќеска, 35 минути по полноќ и веднаш испратила четири противпожарни возила и седум пожарникари.

Навремената интервенција на пожарникарите, како што се наведува, спречила огнот од опожарената куќа да се прошири на останатите објекти во близина.
Причините за избувнувањето на пожарот дополнително ќе ги утврдуваат екипи на надлежните институции