Пожар пред автосервис во Скопје: При заварување се запалило товарно возило

Вчера во 10.44 часот во СВР Скопје било пријавено дека пред автосервис на бул.„Борис Трајковски“ во Скопје, при заварување со апарат за заварување настанал пожар во товарно возило „фиат добло“ со гостиварски регистарски ознаки, сопственост на фирма од Маврово и Ростуше.

Од МВР информираат дека од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема.

Back to top button
Close