Пожар во дом за стари лица во БиХ, евакуирани околу 90 лица

Во Домот за стари лица во Зеница и во централниот дел на БиХ во неделата нешто пред 23 часот избувна пожар, по што набрзо почна евакуацијата на околу 90 корисници на услугите, пишуваат локалните медиуми.

„Имаше пожар. Сите надлежни се на лице место. Има многу ранливи луѓе“, изјавија од полицијата за локалниот портал „072“.

На терен имало голем број екипи на итната помош, пожарникари и полицајци. Како што пренесува „Klix.ba“, на локацијата имало вистинска драма.

На помош дојдоа и жителите со ќебиња и други потреби за помош на старите лица.

Засега нема информации за причината за пожарот, а исто така не се знае дали има сериозни повредени или жртви.

Според извештајот на тамошните телевизии, старите лица кои се чувствувале добро биле транспортирани во блискиот Дом за стари лица. Според првите информации лицата кои се примени во Клиничкиот болнички центар во Зеница се надвор од животна опасност.

Back to top button
Close