Пожар во куќа во Скопје, повредено едно лице

Педесет и седум годишен скопјанец се здобил со повреди при обид за гаснење на пожар што избувнал вчера попладне во куќа на ул.„Хаџи Николов“ во Скопје.

Во СВР Скопје вчера во 16.20 часот било пријавено дека на ул.„Хаџи Николов“ настанал пожар во куќа сопственост на А.Г.(43), при што била зафатена и соседната куќа, сопственост на М.Т.(34). При обид за гаснење на пожарот со повреди се здобил Г.Б.(57), кој бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување лекарска помош, информира денеска Министерството за внатрешни работи во дневниот Билтен.

Пожарот бил изгаснат од екипа на Противпожарната бригада Скопје.

Back to top button
Close