Пожар во Мериот

Чад се шири од хотелот Мериот стациониран на скопскиот плоштад, велат очевидци за Фокус.

Неофицијалните информации укажуваат дека чадот почнат да се шири од казиното Фламинго во рамки на хотелот.

Во меѓувреме, персоналот и вработените излегоа надвор од зградата, а бил исклучен напонот со електрична енергија.

Инаку, хотелот е во косопственост на поранешниот шеф на тајната полиција Сашо Мијалков, кој моментално се наоѓа во затворски притвор.

Меѓутоа, казиното Фламинго има други сопственици, кои просториите ги користат под закуп.

Back to top button
Close