Пожар во нафтено поле во Индија

– Голем пожар изби на наоѓалиште на нафта во близина на популарни места за екотуризам во североисточниот дел на Индија, откако се запали гас кој истекувал веќе два месеца.

Истекувањето од гасовиот извор во нафтеното наоѓалиште, управувано од државната „Оил Индиа“, започна кон крајот на мај во реонот на Тинсукија во државата Асам, а компанијата соопшти дека кон крајот на минатата недела гасот истекува „неконтролирано“.

– Додека се расчистуваше местото, нафтеното поле го зафати пожар, се вели во соопштението на „Оил Индиа“, додавајќи дека еден пожарникар се здобил со „полесни повреди“.

Околу 200 инженери и работници, вклучувајќи и експертски екипи, кои пристигнале денеска од Сингапур, се обидуваат да го спречат истекувањетово рок од четири седмици.

Жителите избегале од реонот и тврдат дека пет од нивните домови се запалиле.

– Ситуацијата е многу лоша. Огнената стихија се шири. Знаев дека тоа ќе се случи, изјави локалниот претставник за животна заштита Ниранта Гохен.

На местото на инцидентот се испратени пожарникари, полицајци и војска.

Back to top button
Close