Пожарот во Прилеп е под контрола, спасен е манастирски комплекс
Пожарот над Прилеп во голем дел е ставен под контрола, а со големи напори на противпожарните единици доцна во ноќта е спасен и манастирски комплекс.
Командирот на ТППЕ Прилеп информира дека во моментот позади сртот на Маркови кули пожарот е поделен во два крака
Oд Општина Прилеп упатија апел до сите граѓани да не се потпалуваат стрништа.
„Овие неконтролирани пожари претставуваат сериозна закана за нашите отворени простори, а уште полошо, можат да загрозат населени места, објекти и манастарски храмови“, стои во апелот на општината.
Од таму додаваат дека противпожарни екипи се деноноќно на терен, посветено и неуморно се борат со огнената стихија