Познати личности во Бугарија бараат да се формира проевропска влада
Повеќе од 100 јавни личности од културата, науката, медиумите и политиката во Бугарија упатија апел за итно формирање на проевропска влада по изборите што се одржаа на 2 април.
Тие ги повикуваат „политичките партии кои се дефинираат како проевропски да постигнат разбирање и да формираат парламентарно мнозинство околу јасни приоритети и неприкосновен кандидат за премиер“ и „да и пружат вистинска помош на Украина“.
„Владата формирана со оваа поддршка треба да ја забрза интеграциската политика на Бугарија во Европската унија и НАТО, да го заштити нашето прифаќање во Шенген и во еврозоната и да преземе итни мерки за обновување на судскиот систем“, се вели во текстот.
Потписниците наведуваат дека „европската иднина на Бугарија е загрозена и мора да се брани со храброст, одлучност и достоинство, како на полето на меѓународната политика, така и во рамките на домашната политичка дебата“.