Познато името на пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ која е позитивна на Ковид-19

Пратеничката Јадранка Поцкова од Струмица од редовите на ВМРО-ДПМНЕ е позитивна на коронавирусот, брифираат собраниски извори за „А1он“.

Пратеничката од минатата недела не оди на работа, затоа што не се чувствува добро, но засега инфрмацијата не ја потврди ниту таа ниту пак партијата. Досега, само пратениците на СДСМ и ДУИ, Лазе Танески Исмаил Јахоски јавно објавија дека се позитивни на КОВИД 19, додека од ВМРО-ДПМНЕ ниту еден пратеник не објавил дека е позитивен.

Пред извесно време позитивен со Ковид-19 беше и пратеникот Арбен Зибери, кој од изолирана соба во Собранието гласаше за составот на новата Влада.

Back to top button
Close