Правото на вето на одлуките на ЕУ е под се поголем притисок
Во Европа се интензивира дебатата околу реформата на процедурите за донесување на одлуките на европско ниво кога станува збор за надворешната политика и одбраната. Област која Македонија ја искуси на своја кожа во изминативе три децении.

„Во свет кој се менува, Европа ризикува да биде се повеќе растргната меѓу интересите на неевропските суперсили. Ако сè уште сакаме да бидеме сфатени како играч на глобалната политичка сцена во иднина, мора да успееме да зборуваме со силен глас како Европа“, изјави Јирген Хард, портпарол за надворешна политика и пратеник на фракцијата ЦДУ/ЦСУ во Бундестагот
Германските конзервативци се едни од најжестоките поборници за проширување на гласањето со квалификувано мнозинство за прашањата за надворешната политика.
Германските демокристијани, како најсилна политичка партија во Германија и највлијателна во Европскиот парламент ова прашање го поставија како приоритет во нивниот нов партиски манифест.
„Постапките за донесување одлуки треба да се поедностават и забрзаат, вклучително и преку мнозинските одлуки во надворешната и безбедносната политика“, се вели во нацртот на манифестот.
Јирген Хард додаде дека опцијата за вето на секоја земја-членка ја направи ЕУ ранлива и неефикасна.
„Затоа одлуките со квалификувано мнозинство во европската надворешна политика се од суштинско значење доколку, вели Јирген Хард.
Германските конзервативци, исто така, се обидуваат активно да лобираат за гласање со квалификувано мнозинство меѓу другите членови на ЕПП.
Поддршка за оваа иницијатива германските конзервативци имаат и од нивните француски колеги што е значајно за иднината на оваа реформа која меѓу другото треба да отвори простор и за прием на нови земји членки.
Претседателката на ЕК , Урсула фон дер Лајен која доаѓа од редовите на германските демохристијани најави дека процесот на реформата на процедурите за одлучување во ЕУ треба да се одвиваа паралелно со процесот на преговори за членство на нови земји членки.
Борјан Јовановски






