Предложен притвор за Британец сопруг на жената која незаконски наплатувала за влез во локалитетот „Камени кукли“.Зетот фрлал камења и спречил даночни инспектори да направат контрола

Основното јавно обвинителство Куманово поведе постапка против 41-годишен британски државјанин поради сомнение дека го сторил кривичното дело „Спречување службено лице во вршење службено дејствие“, соопшти Обвинителството.

Според наводите, на 16 јули на локалитетот „Камени Кукли“ во селото Куклица, Кратово, осомничениот го спречил постапувањето на двајца даночни контролори кои извршувале службени дејствија поврзани со контрола на претходно поставени обележја за привремена забрана за вршење дејност.

Осомничениот, како што наведува Обвинителството, фрлал камења кон даночните контролори и кон нивното службено возило, поради што тие биле принудени да го напуштат локалитетот без да ја завршат контролата.

Ценејќи ги околностите на случајот, надлежниот јавен обвинител до судија на претходна постапка при Основниот суд во Куманово доставил предлог за определување мерка притвор за осомничениот.

Според неофицијални информации,на плусинфо приведениот британски државјанин е сопруг на Стојна Димитровска Бут, која заедно со нејзиниот татко Милош Димитровски во изминатиот период беше поврзувана со користењето на локалитетот Куклица.

Оваа информација засега не е официјално потврдена од надлежните институции.

Back to top button
Close