Прекинот на огнот во Украина во моментов е „нереален“, изјави постојаниот претставник на Русија во ОН

– Постојаниот претставник на Русија во ОН Василиј Небензија изјави дека прекинот на непријателствата со Украина во моментов е „нереален“, јави ДПА.

Говорејќи во Њујорк, Небензија рече дека неуспехот на ограничениот прекин на огнот во енергетската инфраструктура покажува дека во моментов не е можен поширок прекин на огнот.

– Имавме обид за ограничен прекин на огнот во однос на енергетската инфраструктура, кој не беше почитуван од украинската страна. Така што во оваа фаза, под овие околности, нереално е да се зборува за прекин на огнот. Не сме во ситуација да можеме сериозно да разговараме за сеопфатен прекин на огнот, рече Небензја.

Русија ја обвинува Украина за повеќе од 80 прекршувања на 30-дневниот договор за прекин на огнот, кој имаше за цел да ги запре меѓусебните напади врз енергетската инфраструктура.

Прекинот на огнот беше еднострано објавен од Москва на 18 март по телефонскиот разговор меѓу рускиот претседател Владимир Путин и неговиот американски колега Доналд Трамп.

Во текот на изминатите 30 дена, Русија се воздржуваше од извршување големи напади врз украинските електрани, иако украинските власти пријавија локализирани оштетувања на напојувањето поради руските напади.

Back to top button
Close