Премиерите на Данска и на Шпанија ќе се сретнат со Зеленски

Премиерите на Данска и Шпанија денеска во Киев ќе се сретнат со украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Шпанскиот премиер Педро Санчез веќе пристигна во главниот град на Украина за да се сретне со лидерот на земјата, соопшти утринава неговиот кабинет.

Санчез на Твитер објави снимка на која е заедно со премиерката Мете Фредериксен по пристигнувањето во Украина.

Страните ќе разговараат за натамошна поддршка за Украинците и гонење на „воени злосторства и кршење на човековите права“, се вели во соопштението на данската премиерка.

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close