Преминувањето во опозиција за Качињски е „крај на демократијата во Полска“
Преминувањето во опозиција по двомесечно одложување во кое полскиот премиер Матеуш Моравјецки денеска во парламентот не успеа да добие доверба за владата на партијата Право и Правда, лидерот на партијата Јарослав Качињски го окарактеризира како крај на демократијата во Полска.
– Таква е политиката. Владите се менуваат. Сега прашањето е каква ќе биде таа промена. Се чини дека тоа ќе биде крај на полската демократија. Премиерот ги претстави огромните успеси на нашата влада. Мислам дека имаше недоразбирање со општеството. Кампањата против Правото и правдата го ибеди поголемиот дел од општеството дека измислената стварност е реална, рече Качињски по гласањето за доверба и падот на владата на Моравјецки.
Претседателот на полскиот парламент, лидерот на центристичкиот Трет пат, Шимон Холовња, му порача на Качињски да научи да губи и го обвини лидерот на полските популисти дека се однесува како „разгалено дете кое ги фрла сите играчки ако не му ја дадат таа што ја сака“.
Успехот на полската проевропска демократска опозиција на изборите на 15 октомври, кога три коалиции, Граѓанската коалиција на поранешниот претседател на Европскиот совет Доналд Туск, Третиот пат на Шимон Холовња и обединетата левица, со ветување на постизборна соработка, успеа да освои удобно мнозинство во двата дома на парламентот, за многу Полјаци и за Европската унија е надеж дека континентот не влегува во простор на популистички влади, коментираат локалните медиуми.