Претседателката на Антикорупциска е осомничена во случајот „Адитив“ за оддавање службена тајна

Актуелната претседателка на Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК), Татјана Димитровска, се наоѓа во Основниот кривичен суд во Скопје, како осомничена во истрага за случајот „Адитив“.

Од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК) попладнево информираа дека во рамките на предметот „Адитив“, од прибраните докази, донесена е наредба за спроведување истрага за уште три лица.

Од Обвинителството не го откриваат идентитетот на тројцата осомничени, но дознаваме дека меѓу нив е и претседателката на Антикорупциска.

Како што пренесува „360 степени“, таа е осомничена за кривичното дело оддавање службена тајна, а наводно до информациите се стигнало преку вештачење на телефоните на дел од обвинетите во случајот „Адитив

За осомничените се бараат и мерки за обезбедување присуство.

Конкретно за Димитровска, Обвинителството не бара притвор, туку мерки за претпазливост, велат информациите од Судот.

Според нив, таа се наоѓа во судот, но сè уште не е изведена пред судија на претходна постапка, бидејќи и натаму траат распитите на осомничените за случајот со криминалот со туѓа нега и инвалидски пензии.

Back to top button
Close