Претседателот на Бразил: Ембаргото на САД кон Куба е незаконско
Бразилскиот претседател Луис Инасио Лула да Силва нагласи дека американското ембарго кон Куба е „незаконско“ и го осуди вклучувањето на островската земја на списокот на земји спонзори на тероризам.
„Куба беше поборник за поправедно глобално владеење. До денес е жртва на нелегално економско ембарго. Бразил е против какви било еднострани присилни мерки. Го отфрламе вклучувањето на Куба на списокот на држави кои го спонзорираат тероризмот“, рече Лула за време на неговото обраќање на отворањето на Самитот на земјите во развој Г77 во Хавана.
Поранешниот американски претседател Доналд Трамп ја вклучи Куба на листата на држави спонзори на тероризмот, а и покрај тоа што администрацијата на неговиот наследник Џозеф Бајден укина многу од мерките на Трамп, се уште не ја отстрани Куба од листата.