Претседателот на Јужна Кореја обвинет за организирање бунт, можна е смртна казна
Јужнокорејските обвинители денеска официјално покренаа обвинение против суспендираниот претседател на земјата Јун Сук-Јол поради краткотрајното воведување воена состојба во декември минатата година, јави јужнокорејска новинска агенција.
Според законот, рокот за држење на Јун Сук Јол во притвор истекува утре, откако тој беше приведен на 15 јануари од Службата за истражување корупција на високи официални претставници.
Тој беше уапсен на 19 јануари, а Службата го префрли случајот на обвинителството, бидејќи нема законски мандат да го обвини претседателот.
Јужнокорејскиот претседател беше отповикан откако на 3 декември прогласи воена состојба во земјата, која беше укината неколку часа подоцна со одлука на Парламентот.
Во Јужна Кореја, претседателот нема имунитет доколку под него се поднесе обвинение за организирање бунт. Казната е или доживотен затвор или смрт, иако државата нема извршено егзекуции неколку децении.
Судот ќе одлучи и дали целосно ќе го отстрани Јун од претседателската канцеларија или ќе му ги врати претседателските овластувања. Имаат 180 дена за да ја донесат одлуката.