Претседателот на ВМРО ДПМНЕ Пештани, наставник, уапсен додека шмркал кокаин во кафуле во Oхрид

Еден од најблиските соработници на градоначалникот на Охрид Кирил Пецаков, но и на Христијан Мицкоски е фатен како поседува и шмрка кокаин на сред кафиќ во Охрид, се вели во соопштението од СДСМ.

Како што информираше МВР, вчера на 9 декември во 2 часот и 55 минути е приведено лицето А.Т. заради поседување предмети со кокаин.\

Истакнатиот член на ДПМНЕ од Пештани, е Александар Толаманоски, со прекар Дандаро, кој работи како просветен работник!

Толоманоски-Дандаро важи за исклчително близок до Мицкоски и градоначалникот Пецаков.

Дали ова се традиционалните и морални вредности што ДПМНЕ им ги промовира на младите и учениците?

Ова е вистинското лице на ДПМНЕ и овој скандал кажува многу за какви луѓе станува збор.

Деструктивност, уназадување, кочничари и криминални структури! Тоа е ДПМНЕ!

Очигледно има многу бело околу ДПМНЕ и Мицкоски,а не само фасадата на Белата палата!

Back to top button
Close