Претседателот Пендаровски положи цвеќе на гробот на Свети Кирил во базиликата „Сан Клементе“

Претседателот Стево Пендаровски за време на посетата на Рим по повод манифестацијата „Македонија во чест на Св. Кирил“, денеска во базиликата „Сан Клементе“ положи цвеќе на гробот на Свети Кирил, соопшти Кабинетот на шефот на државата.

Претходно, претседателот Пендаровски имаше аудиенција кај поглаварот на Римокатоличката црква, Папата Франциск, а се сретна и со државниот секретар на Светaтa Столица, кардиналот Пјетро Паролин.

Претседателот Пендаровски, заедно со претседателот на Бугарија, Румен Радев, ја посетија и базиликата „Санта Марија Маџоре“ и заеднички оддадоа почит на делото на Светите браќа Кирил и Методиј.

Back to top button
Close