Претседателски избори во Црна Гора: До 12 часот гласале 31,1 отсто или 168 илјади избирачи


Во вториот круг од претседателските избори во Црна Гора до 12 часот гласале околу 168,7 илјади гласачи или 31,1 отсто, соопшти Центарот за демократска транзиција, пренесе МИНА.

Според податоците на оваа невладина организација, во јужниот регион на земјата гласале 25,8 отсто, во централниот 33,6 отсто, а во северниот 31,3 отсто.

Во првиот круг од изборите на 19 март до 12 часот своето избирачко право го искористија 29,9 отсто од граѓаните.

На претседателските избори во 2018 година до истиот период гласале 27,2 отсто од граѓаните, а на парламентарните избори во 2020 година гласале 45,3 отсто од граѓаните.

Во вториот круг од изборите учествуваат кандидатите на Демократската партија на социјалистите и на Движењето Европа сега, Мило Ѓукановиќ и Јаков Милатовиќ.

Право на глас во Црна Гора имаат 542.154 граѓани, а гласачките места се отворени до 20 часот.

Back to top button
Close